Општина Неготино
Денеска (вторник) од 18,00 ч. средба со жителите на 9-те урбани заедници од Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Ги поканувам граѓаните на град Неготино од сите 9 урбани заедници вечерва (14.11. вторник) да присуствуваат на состанокот со почеток од 18,00 часот во големата сала на општина Неготино на кој јас како градоначалник, претставници на Советот на општината и вработени во локалната администрација ќе ја одржиме последната од планираните средби со граѓаните од месните и урбаните заедници во општина Неготино. Според однапред утврдениот распоред, вечерва ќе се сретнеме и ќе дискутираме со жителите од УЗ 1,2,3,4,5,6, 7,8 и 9 од град Неготино-средба на која присутните ќе можат да се произнесат за проблемите со кои се соочуваат и преку директна комуникација со давање предлози и решенија да се најдат начини за нивно санирање или надминување. Сакам да информирам дека изминатите денови остваривме работни средби со жителите на месните заедници во селата Тремник, Дуброво, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Курија, Тимјаник, Долни Дисан и Вешје на кои месното население имаше можност низ директни разговори со претставниците на локалната власт да понуди предлози и решенија за надминување на одредени состојби во местото на нивното живеење, а сето тоа како основа за нивно вметнување во Програмата за работа на општина Неготино за 2018-та година и во Буџетот на општината за наредната година.

Read more...
 
На 13 и 14 ноември градоначалникот Делков на средбите со жителите на УЗ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претставници на Советот на општината и вработени во локалната администрација изминатите денови ги завршија работните средби со жителите на месните заедници во селата Тремник, Дуброво, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Курија, Тимјаник, Долни Дисан и Вешје на кои месното население имаше можност низ директни разговори со претставниците на локалната власт да понуди предлози и решенија за надминување на одредени состојби во местото на нивното живеење, а сето тоа како основа за нивно вметнување во Програмата за работа на општина Неготино за 2018-та година и во Буџетот на општината за наредната година. На 13-ти и 14-ти овој месец (понеделник и вторник) предвидено е одржување на средби со жителите на сите 9 урбани заедници од Неготино, при што на 13-ти со почеток од 18,00 часот е закажана средба со населението од УЗ 1,2 и 3 од градот, додека од 20,00 часот ќе започне средбата со граѓаните од УЗ 4,5 и 6. На 14-ти овој месец, непосредните контакти со граѓаните ќе завршат со одржување работни состаноци со граѓаните од УЗ 7,8 и 9 на кои граѓаните ќе имаат можност да дадат сопствени предлози, сугестии и размислувања за реализирање на проекти и активности со чие спроведување ќе се придонесе за подобрување на условите за живеење во нивните средини.

Read more...
 
„Градот низ детските очи“ PDF Print
There are no translations available.

   Изложбениот салон на Музејот на град Неготино беше претесен да ги прими сите граѓани од општината кои покажаа заинтересираност да го проследат настанот „Градот низ детските очи“ организиран од страна на детската градинка „Фемо Кулаков“ од Неготино. Пригодно обраќање пред присутните имаа директорката на градинката Весна Нацева, воспитувачката и координаторка на проектот Елизабета Димова и претставникот на локална самоуправа Неготино Ивица Златковиќ. Во своите излагања тие истакнаа дека станува збор за манифестација која е дел од Програмата за работа на градинката и се одржува неколку години по ред, во изработката на експонатите се вклучени дечињата кои престојуваат во градинката и нивните родители, на кои за нивниот придонес во подготвителни активности им беа врачени благодарници, а Златковиќ во своето обраќање ги пренесе заложбите на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков за изградба на уште една градинка во нашиот град за што веќе се преземени и конкретни активности. Веднаш потоа, присутните на настанот имаа можност да ги разгледаат изложените цртежи изработени од дечињата и макетите со објекти од општина Неготино изработени од нивните родители.

Read more...
 
Се расчистуваше депонијата Бучето PDF Print
There are no translations available.

   После подолго време, денеска со ангажирање на механизација се изведе акција за чистење на депонијата Бучето. Приоритет беше даден на отстранување на отпадот расфрлан во близина на патниот правец Неготино-Дуброво-Војшанци на што впрочем и најмногу се жалеа жителите на овие места, како и граѓаните кои поминуваа во близина на депонијата. Со ваквите и слични акции ќе се продолжи и во наредниот период, а надлежните апелираат до населението да не се фрла отпад на несоодветни места, како и да се врши палење на ѓубрето.

Read more...
 
Градоначалникот Делков оствари средба со потпретседателот на борците од Франција PDF Print
There are no translations available.

   Делегација предводена од полковникот во пензија и потпретседател на организацијата на борци на Франција Мишел Ришо, екс амбасадорот и претседател на организацијата Сувенир франсе и Драги Трајков член на Бордот на франкофонскиот круг во Скопје денеска престојуваше во нашата општина при што остварија работна средба со градоначалникот Тони Делков. На средбата стана збор за учеството и помошта на француските борци на нивните соборци од нашата држава за ослободување на Македонија. Тоа пак ја отвори темата за покренување иницијатива за подигнување споменик на загинатите француски и македонски борци на територијата на општина Неготино. Во знак на благодарност за приемот, гостите на Делков му врачија пригоден подарок.

Read more...
 
Ацо Тренев победник на турнирот во табла “Неготино опен 2017” PDF Print
There are no translations available.

   Заврши деветиот по ред традиционален турнир во табла, кој и оваа година беше дел од програмата организирана по повод одбележувањето на Денот на градот – 8ми Ноември. На турнирот учество зедоа шеесетина таблаџии претежно од помладата генерација, кои на тридневниот турнир одиграа интересни партии, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до завршницата. Победник на турнирот е Ацо Тренев на кој по првпат му појде од рака да го освои овој масовен турнир, иако е редовен учесник на истиот изминатите години. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 8.000 денари, додека поразениот во исклучително интересното финале, вицешампионот на турнирот Марјан Ристов доби диплома и парична награда од 5.000 денари. Третопласиран на турнирот е Наум Илиевски, кој во малото финале го совлада Александар Миладинов и на тој начин се стекна со диплома за трето место и заработи парична награда од 2.000 денари. Покрај наградите за најдобрите тројца учесници беа доделени и благодарници за учество турнирот.

 

Read more...
 
<< Start < Prev 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Next > End >>

Page 181 of 314