Општина Неготино
Со 30 тони асфалт се санираат ударните дупки на улици во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино од  денеска започна со санирање на ударните дупки на повеќе улици во градот. Според зборовите на градоначалникот Тони Делков, приоритет на оваа активност е даден врз основа на предлозите на населението на одржаните работни средби и сознанијата од терен дека патната инфраструктура е во лоша состојба и е потребна итна интервенција во пресрет на доаѓањето на зимскиот период. Градоначалникот информираше дека санирањето на ударните дупки започна со активности на главната улица во градот „Маршал Тито“ која впрочем е и најфреквентна за сообраќај, а ќе се продолжи со санирање на дупките и на останатите улици  каде што има потреба од интервенција, а се со цел за создавање услови за нормално одвивање на сообраќајот и овозможување поголема безбедност и за возачите и пешаците Предвидено е работници на фирмата-изведувач „Изолација“ да постават 30 тони асфалт, за што општината од Буџетот ќе издвои средства во висина од 600.000 денари. Градоначалникот Делков изјави дека во тек е изготвувањето на Програмата за работа и Буџетот на општина Неготино за 2018-та година и во истите се предвидува веќе напролет да се започне со комплетна реконструкција и санација на повеќе улици во градот кај кои се регистрирани најголеми оштетувања.

Read more...
 
Градоначалниците од ВПР ги поставија приоритетите за дејствување PDF Print
There are no translations available.

   На деновиве одржаната конститутивна седница на Советот за развој на Вардарскиот регион градоначалниците од 9 општини, меѓу кои и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, ги поставија двата приоритети за реализација во наредниот период. Изградба на регионална фабрика за третман на цврст отпад и изградба на регионален центар за третман на бездомни кучиња се предлозите кои беа едногласно усвоени од присутните градоначалници. Тие се согласија дека пред нив е период во кој треба многу да се работи за подобрување на животот на сите граѓани, а како приоритети кои треба да се решат час поскоро се изградба на регионална фабрика за третман на цврст комунален отпад со неколку претоварни станици и решавање на проблемот со кој се соочуваат сите општини-изградба на регионален центар за третман на бездомни кучиња. Инаку, во Вардарскиот плански регион велгуваат општините Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Лозово, Чашка, Росоман, Градско и Демир Капија.

Read more...
 
Неготино домаќин на квиз-натпревар од областа на противпожарната заштита PDF Print
There are no translations available.

  Посакувајќи им на сите учесници да го дадат најдоброто од себе и да остварат што е можно подобар пласман, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков го прогласи за отворен 33-иот по ред регионален натпревар од областа на противпожарната заштита на кој учество зедоа ученици од 8 општини-Битола, Крушево, Валандово, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Велес и Неготино. Самиот квиз натпревар се одржа во исклучително силна конкуренција и секој еден учесник мораше да го даде максимумот знаење и вештини за да оствари најдобар резултат. Како што беше истакнато, најдобропласираните екипи од регионалниот се стекнуваат со право  на учество на републичкиот натпревар на кој ќе се натпреваруваат најдорбите екипи од училиштата од цела Македонија. За регуларноста на натпреварувањето и за бодувањето се грижеше посебно формирана комисија составена од стручни лица од областа на противпожарната заштита. Инаку, предходно во фоајето на Центарот за култура беше отворена изложба на ликовни цртежи на тема противпожарна заштита.

Read more...
 
На јавниот повик на општина Неготино одговорија 16 спортски клубови PDF Print
There are no translations available.

  На јавниот повик за финансирање на спортските клубови од Буџетот на Општина Неготино за 2018-та година кој беше објавен минатата недела, одговорија 16 спортски колективи од општината, кои доставија план на активности и финансиска програма за наредната година. Вкупниот износ на побараните средства ќе биде дел од предлог – програмата за спорт, а по изгласувањето на истата спортските клубови од општината на почетокот на новата календарска година според точно утврдени критериуми од Советот на општината ќе добијат финансиски средства. Овие финансиски средства ќе им овозможат на спортските клубови континуирана и стабилна работа, со цел постигнување на подобри резултати и развој на спортот во Општина Неготино.

Read more...
 
Петок-приемен ден на градоначалникот Делков за граѓаните на општината PDF Print
There are no translations available.

  Секој работен петок ќе биде отворен ден за граѓаните на општина Неготино кои имаат потреба од остварување средба и контакт со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Исклучок од ова правило ќе биде само денот кога поради  обврски градоначалникот ќе биде службено отсутен. Сите заинтересирани граѓани за прием во кабинетот на Делков треба да се пријават во текот на неделата и да пополнат формулар кој ќе го добијат на пријавницата на влезот во зградата на општина Неготино, како предуслов за добивање реден број за прием. Градоначалникот ќе ги прими сите пријавени граѓани на средби со него и доколку покренатите прашања се во негови ингеренции тој директно ќе разговара со посетителите, а ако е потребно, граѓаните ќе бидат препратени подетални информации да добијат кај стручните служби при локалната самоуправа.

Read more...
 
Делков: Масовно присуство и квалитетни предлози на средбите со граѓаните од општината PDF Print
There are no translations available.

   „Граѓаните се тие кои најдобро ги познаваат проблемите во нивното село, урбана заедница, населба, маало, улица и слично и токму со цел да го слушнеме нивното мислење ги организиравме средбите со жителите на месните заедници во селата и 9-те урбани заедници во градот. Наидовме на одличен прием, масовно присуство на средбите и слушнавме квалитетни и конструктивни предлози, мислења и забелешки. Тоа пак, верувам дека ќе придонесе за јакнење на довербата на релација градоначалник-Совет на општина-локална администрација-граѓани на општина Неготино“-истакна во изјава за медиумите градоначалникот на општина Неготино Тони Делков по завршување на сите предвидени средби. Според градоначалникот, граѓаните најголем интерес пројавиле за решавање на проблемот со водоснабдувањето, уредување на патната инфраструктура, подобрување на комуналната хигиена во градот и населените места, уличното осветлување, а неизбежни се и индивидуалните барања од граѓаните за решавање на одреден проблем. Според Делков, сите предлози ќе бидат разгледани и анализирани и дел од нив ќе се најдат во годишната Програма за работа на општина Неготино и општинскиот Буџет за наредната 2018-та година, додавајќи уште еднаш дека ваквите средби ќе бидат правило, а не исклучок.

Read more...
 
<< Start < Prev 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Next > End >>

Page 180 of 314