Општина Неготино
Прием кај градоначалникот Делков на крводарители со 50, 75 и 100 крводарувања PDF Print
There are no translations available.

  Десеттина крводарители кои во секој момент се подготвени да даруваат од скапоцената течност која спасува човечки животи заедно со раководството на неготинскиот Црвен крст, а по повод 17-ти март-Денот на крводарителството, денеска беа примени и се задржаа во краток разговор со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Станува збор за дарители на крв кои досега имаат остварено 50, 75 и 100 крводарувања и имаат огромен придонес во остварувањето и надминувањето на годишните планови на Црвен крст Неготино за реализирани крводарувања, што пак Општинската организација од нашиот град ја сместува меѓу 10-те најдорби општини во Република Македонија. Претседателот Тошко Настов го запозна градоначалникот Делков дека планот за минатата година е реализиран со 128 отсто, односно наместо планираните 654, во општинскиот Црвен крст се собрани 857 крвни единици од вкупно регистрираните 1.000 крводарители од кои активни се 500. Градоначалникот Делков им честиташе на признанијата на активистите и хуманистите кои несебично даруваат крв и помагаат онаму каде истата е потребна во секое време да биде достапна , а паралелно иницираше во соработка помеѓу локалната самоуправа и Црвениот крст да се спроведе конкретен проект  за едукација на населението преку трибини, дистрибуција на флаери, едукација и слично да се подигнува свеста кај нив, особено кај младата популација за значењето на крводарувањето, бидејќи тоа е еден од начините бројот на крводарители и крводарувања во општина Неготино постојано да се зголемува. Градоначалникот Делков на лицата кои имаат дарувано крв 50, 75 и 100 пати им додели благодарници, а исто така, и Црвениот крст му врачи благодарница на Делков за поддршката што ја добиваат од него како градоначалник и од општина Неготино.

Read more...
 
Денеска (вторник 13.03.) редовна седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со почеток од 16,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи 8-та по ред седница на која на дневен ред ќе се најдат 17 точки за разгледување. Меѓу другото, советниците ќе расправаат по предлог решенијата за годишниот план за вработување на библиотеката Страшо Пинџур, основното училиште Гоце Делчев, музичкото училиште Владимир Арсовски, средното училиште Св. Кирил и Методиј и извештајот за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Неготино. На дневен ред ќе се најдат и предлог-одлуки од областа на урбанизмот, предлог-решенија за финансиска поддршка на клубовите и здруженијата од нашата општина, предлог-заклучокот за усвојување на извештајот за извршувањето на програмите на општината за минатата година, како и заклучокот за усвојување на годишната сметка на Буџетот на општина Неготино за 2017-та година.

 
Подароци за активистките на „Анри Динан“ и Здружението на пензионери PDF Print
There are no translations available.

  „Вие сте луѓе кои твореле во минатото и кои се уште сте активни во спроведувањето на дел од активностите кои ги организира локалната самоуправа и вие самите, како на пример „Неделата на виното“ и други настани, па токму затоа го заслужувате целосно моето и вниманието на општината“-истакна во пригодното обраќање градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на средбата со активистките на здружението „Анри Динан“. Првиот човек на општина Неготино ја искористи оваа средба на 17 активистки да им додели пригодни подароци во знак на внимание по повод Денот на жената, притоа испраќајќи порака дека младите треба да учат и земаат пример од постарите сограѓани. Претставничките на „Анри Динан“ го запознаа градоначалникот Делков со тековните и идните планирани активности и упатија покана до него како градоначалник да присуствува на дел од проектите што ги реализираат. Исто така, пригодни подароци им беа доделени и на дел од членките на Здружението на пензионери од Неготино.

Read more...
 
Градоначалникот Тони Делков со честитка по повод 8-ми март PDF Print
There are no translations available.

Почитувани припаднички на понежниот пол од општина Неготино ! Драги сограѓанки !  Денеска е 8-ми март, Меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година, па по тој повод од мое лично име како градоначалник на општина Неготино и од име на локалната самоуправа на сите припаднички на понежниот пол од нашата општина и пошироко им го честитам празникот со искрени желби за здравје, среќа и личен просперитет. Празнувањето на овој ден е и симбол на рамноправноста и слободата помеѓу двата пола. Токму затоа, Ви порачувам да бидете храбри, упорни и истрајни, полни со самодоверба и позитивни. Бидете столб на семејството и домот. Сакајте ги, почитувајте ги и честитајте им го денешниот ден на вашите најмили со што ќе им го покажете вашето внимание, а истовремено ќе им го направите денот уште поубав и повесел. Бидете здрави и живи и нека е за многу години празникот 8-ми март!

 
Штафетната трка за мир во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија и во соработка со двете основни училишта од градот, во Неготино престојуваше штафетната трка за мир која не е од натпреварувачки карактер и има за цел промоција на меѓународниот мир. Подавајќи го факелот од рака во рака трката која поминува низ многу држави на различни континенти денеска помина по улиците на Неготино и накратко се задржа во училишниот двор на ООУ„Гоце Делчев“ каде што беше организиран пречек проследен со мала културна свеченост на која присуствуваа градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и делегација на локалната самоуправа, пратеникот Ристе Ташев, директорот на училиштето Петар Мантев и други учесници во трката и заинтересирани граѓани. Организаторите информираа дека Трката за мир по 31-ви пат е присутна во Македонија, истата се одржува на 2 години, посетува 49 земји и претрчува 24.000 километри. Во пригодното обраќање градоначалникот Делков ја истакна неговата и интенцијата на општина Неготино за создавање услови за реализација на спортски активности со кои кај секој поединец ќе дојде до подобрување на моторните способности и физичката подготвеност, поттикнување за водење на активен и здрав живот на младите и формирање здрави животни навики, се во духот на максимата „во здраво тело-здрав дух“. Во знак на благодарност за гостопримливоста, организаторите на трката на градоначалникот Делков му врачија пригоден подарок.

Read more...
 
Одбележан патрониот празник на ООУ„Страшо Пинџур“ Неготино PDF Print
There are no translations available.

    Со положување на свежо цвеќе на спомен-бистата на патронот на училиштето од страна на претставници на училиштето и други делегации, меѓу кои и делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ од Неготино. Пригодно обраќање пред присутните за значењето на празникот и тековното функционирање на оваа образовна установа имаше директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев, а целиот настан беше проследен со поголем број на активности. Така, учениците со помош на своите наставници подготвија богата програма со која се претставија пред многубројните гости, а беа доделени и признанија на ученици.

Read more...
 
<< Start < Prev 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Next > End >>

Page 172 of 314