Општина Неготино
Јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на Законот за просторно и урбанистчко уредување,  општина Неготино распиша Јавен повик  за доставување иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови. Имено, согласно повикот, секое заинтересирани правно и физичко лице во текот на повикот може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови од член 7 од Законот за просторно и урбанистичко уредување. Иницијативите можат да достават во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма. Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план со дефинирани граници на опфат. Изработката на урбанистичките планови може да биде финансирана од страна на подносителот на иницијативата, а јавниот повик е започнат и ќе трае до 01.05.2018 година.

Read more...
 
Ликовна изложба во Музејот на град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Деновиве во изложбениот салон во општинската установа Музеј на град Неготино се одржа отварањето на слики од 24 интернационална ликовна колонија Кичево 2017 година. На изложбата беа поставени 30 ликовни дела од 21 врвни уметници од 14 земји и тоа : Северен Кипар, Индија, Иран, Египет, Турција. Словенија, Србија, Хрватска, Косово, Италија, Казахстан, Бугарија, Романија. Пред присутните се обрати в.д. директорот на музејот Драгица Чекоровска која кажа дека ваква концетрација на моќен ликовен белег е редок настан не само во регионот, туку и пошироко. Ова е еден од културолошките настани кои што се составен дел од програмата за работа на оваа општинска установа, а ќе ги има и натаму од различчна област како археологија, ликовна дејност, едукација секако во соработка со општинските установи, национални установи, образовни институции и сл. За ликовната колонија говореше Владимир Темков, магистар по ликовна дејност, со пребогато лично искуство во учествувањето и организирањето на ликовни колонии. За отворена изложбата ја прогласи претседателот на Совет на општина Неготино, Диме Витанов, кој ја нагласи добрата соработка на локалната самоуправа и општинската установа Музеј на град Неготино со желба таа и понатаму да продолжи со поголем интензитет.

Read more...
 
Во Неготино презентација на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем PDF Print
There are no translations available.

   Во присуство на голем број претставници на бизнис-секторот од општина Неготино, претставници на УСАИД, на Министерството за економија и други заинтересирани, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков го отвори настанот на кој се изврши презентација на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Според градоначалникот Делков, проектот во своето делување се фокусира на 3 взаемно поврзани компоненти и тоа:-подобрување на услугите на организациите за деловна поддршка на микро, малите и средните претпријатија, подобрување на пристапот до финансии на претпријатијата и инвестиции на водечките фирми во развојот на работната сила и синџирот на снабдување. Првиот човек на општината апелираше до претставниците на бизнис-секторот да се вклучат во отворената дискусија, да се произнесат со свои предлози и мислења и да вложат напори да остварат бенефит за фирмите кои ги претставуваат со користење средства и услуги од самиот проект. Претставничката на УСАИД Марија Танасовска-менаџер за пристап до финансии и Дејан Јаневски-менаџер за пазарни врски во своите излагања истакнаа дека станува збор за проект кој е започнат во 2017г. и ќе трае 4 години со вкупен буџет од 6,2 милиони долари и преку истиот се работи на зголемување на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија преку зајакнување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски со приоритетна цел зголемување на продуктивноста и вработувања во приватниот сектор. Претставниците на Министерството за економија се осврнаа на општествената одговорност на компаниите, а настанот беше заокружен со отворена дискусија на која беа истакнати потребите на приватниот сектор од општина Неготино и разгледување на можностите за остварување потенцијална соработка и користење на бенефитите од самиот проект.

Read more...
 
Маскенбал – 2018г. – Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Присуството на долгогодишната традиција за организирање на овој настан и прекрасните временски услови придонесоа Градскиот плоштад во Неготино да биде исполнет до последното место со учесници на Маскенбалот и заинтересирани граѓани кои дојдоа да го проследат истиот. А, за волја на вистината, имаа и што да видат. Стотици дечиња под маски со прекрасни креации продефилираа низ улиците на градот присигнувајќи на плоштадот, каде се одржуваше централниот настан. Имено, во рамките на манифестацијата „Маскенбал-2018г.“ своите поединечни и групни маски ги презентираа дечињата од клоновите Мајски цвет и Пролет при Детската градинка Фемо Кулаков, ученици од основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур, од СОУ Св. Кирил и Методиј, а не изостана присуството и на други заинтересирани сограѓани кои се појавија под маски. Маскенбалското дефиле се движеше по улиците Маршал Тито и Партизанска со пристигнување на учесниците на градскиот плоштад каде што на бината се одржа забавна програма во рамките на која децата и учениците од Неготино пред многубројните посетители се претставија со музички перформанси, хумористични точки и денс-изведби, што придонесе за создавање исклучително пријатна и позитивна атмосфера во која уживаа и учесниците и посетителите на годинашниот маскенбал.

Read more...
 
Ученици од ООУ Гоце Делчев на средба со градоначалникот Делков PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на спроведувањето на годишната наставна програма по предметот Општество, над 60 ученици од 3 паралелки од 4-то одделение при ООУ Гоце Делчев остварија средба со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Целта на посетата беше запознавање на учениците со седиштето на локалната заедница и начинот на нејзиното функционирање, сето тоа низ директен разговор и поставување прашања до градоначалникот Делков за тоа како работи локалната самоуправа, кои се проблемите на граѓаните и на кој начин истите се решаваат. Задоволувајќи ја нивната љубопитност, градоначалникот Делков им одговори на сите поставени прашања, ги запозна со неговото и дејствувањето на органите и телата на општина Неготино, како што самиот истакна се во интерес Неготино да биде поубаво место за живеење за сегашните и идните генерации граѓани на општината.

Read more...
 
Се поставуваат нови метални столбчиња за побезбедно движење на пешаците PDF Print
There are no translations available.

 Општина Неготино започна со реализација на уште една активност од проектот „Мојот убав град“ на градоначалникот Тони Делков со која се поставија 100 метални столбчиња на потегот од Стоковната куќа до семафорите. Истите согласно пропишаните норми се поставуваат на оддалеченост од 1,30 метри, а основната цел е со столбчињата да се спречи паркирањето возила на тротоарите и да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците. Стручните служби при локалната самоуправа информираат дека вакви метални столбчиња ќе бидат поставени и на самиот градски плоштад на местото на старите и оштетени од дотурот на стока од тешки товарни возила, а исто така метални столбчиња ќе бидат поставени и пред ООУ„Гоце Делчев“ во нашиот град. Инаку, со  проектот „Мојот убав град“ и спроведувањето на планираните активности. ќе се придонесе за создавање нови и поголеми зелени површини во градот, хортикултурно уредување, зголемена проодност на тротоарите, изградба на нови детски игралишта, создавање побезбеден пристап на учениците до училиштата, поплочување на помали улички со бекатон плочки, уредување на влезот и излезот од градот и многу други активности.

Read more...
 
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>

Page 169 of 314