Општина Неготино
Со поставување асфалт се санираат ударните дупки на улици во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Работници на изведувачот на работите градежната фирма „Изолација“ од Скопје, по налог на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и согласно Програмата за работа за тековнава година, интензивно работат на санирање на ударните дупки на улиците со поставување на нов слој асфалт. Активностите започнаа на главната улица Маршал Тито и во населбата Антигона на потегот од излезот кон Кавадарци и истите преку санирање на ударните дупки на најфреквентната улица во Неготино се движат кон централното градско подрачје. Со тековните работи планирано е со средства од Буџетот на општина Неготино да се санираат оштетувањата на улиците Маршал Тито, Антигона, Ленинова и Гоце Делчев, а ќе се продолжи и на други улици, со единствена цел да се обезбедат  услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, како за возачите, така и за пешаците. Парелелно со санирањето на ударните дупки со поставување асфалт, под надзор на стручните служби во локалната самоуправа, се врши и санирање на постоечките решетки и шахти на споменатите улици.

Read more...
 
Во ООУ „Гоце Делчев“ се гради нова летна училница PDF Print
There are no translations available.

  Со цел за подобрување на условите за одвивање и следење на наставниот процес во адаптирани услови како за наставниците, така и за учениците, во училишниот двор на Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во Неготино започна изградбата на нова летна училница. Според зборовите на директорот Петар Мантев, станува збор за објект по чие завршување ќе се создадат услови за одвивање на наставата во природа, покрај редовното следење на наставата во училниците и кабинетите. Летната училница ќе биде со површина од 24 метри квадратни, а средствата за нејзината изградба се обезбедени преку организирана донаторска вечер од страна на Ротари клуб Неготино. Според предвидената динамика за одвивање на градежните работи, се очекува летната училница да биде комплетно изградена до крајот на тековниот или почетокот на наредниот месец, по што истата ќе биде ставена во функција.

Read more...
 
Подготовки за санација на ударни дупки, решетки и шахти PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на реализацијата на дел од Програмата за работа на општина Неготино за 2018-та година, започнаа подготвителни активности на неколку улици во градот на кои ќе се врши санирање на ударните дупки, решетки и шахти. Активности се присутни на излезот од Неготино кон Кавадарци, во населбата Антигона, како и на други улици за кои од страна на стручните служби е оценето дека е потребно да се интервенира. Така, со тековните работи ќе се санираат ударните дупки, решетките и шахтите на улиците Маршал Тито, Антигона, Ленинова и Гоце Делчев, а работите ќе продолжат и на други улици во градот. Потребните финансиски средства ги обезбеди општина Неготино, а изведувач на активностите е фирмата Изолација од Скопје.

Read more...
 
Велигденска работилница во Музејот на град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во пресрет на  пролетните празнувања, прославувањето на циклусот посветен на обновувањето на природата и на вегетацијата, на доаѓањето на пролетните празници, на птиците преселници и секако во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во Општинската установа Музеј на град Неготино - Неготино се одржа Велигденска работилница заедно во соработка со детската градинка “Фемо Кулаков“ од Неготино.Оваа работилница е и како резултат на долгогодишната соработка помеѓу двете општински институции каде што учествуваа 120 дечиња од големите групи од градинката кои што во прекрасна, весела и работна атмосфера, преку цртање и боење на велигденски јајца на бел картон си ги покажаа своите ликовни вештини. Во велигденската работилница дечињата имаа стручна помош од воспитувачките од детската  градинка “Фемо Кулаков“ и од вработените во Музејот на град Неготино. Како резултат од оваа активност ќе се организира и ликовна изложба во ликовниот салон во Музејот каде што ќе бидат изложени изработените ликовни творби во форма на велигденски јајца, велигденски кошнички, велигденски мозаици и сл.

Read more...
 
Прием кај градоначалникот Делков по повод Светскиот ден на Ромите PDF Print
There are no translations available.

   Во пресрет на одбележувањето на 8-ми април-Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во кабинетот ги прими и се задржа во разговор со претставници на ромската заедница од неготинска општина од Здружението на граѓани „Вардарли тек“ од Криволак.
„ Ромите, како интегрален дел од нашето општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик, да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да партиципираат во општествениот живот во општина Неготино. Јас како градоначалник и општина Неготино ќе продолжиме да ги негуваме односите со припадниците на ромската заедница, секогаш ќе бидеме достапни за да ги слушнеме нивните проблеми и заеднички да изнаоѓаме решенија, се во интерес на подобрување на нивниот статус како граѓани на неготинска општина и создавање услови за поквалитетно одвивање на нивното секојдневно живеење“-рече градоначалникот Делков во пригодното обраќање пред присутните честитајќи им го престојниот празник.
Претседателот на Здружението на граѓани „Вардарли тек“ Сафет Темуровски информираше за активностите што тие ги организираат во рамките на 4-дневната програма со која се одбележува Светскиот ден на Ромите, а наедно и се заблагодари на градоначалникот за поддршката што ја добиваат од него и локалната самоуправа, изразувајќи убедување дека истата во иднина ќе биде подиигната на уште повисоко ниво.

Read more...
 
Денеска (среда 04.04) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Претседателот Диме Витанов за денеска (среда 04 април) свика одржување на 10-тата по ред седница на Советот на општина Неготино чиј почеток е закажан во 16,00 часот. Советниците, меѓу другото, ќе расправаат по заклучокот за усвојување на годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион за 2017г, како и по годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на ВПР. Се очекува Советот да води расправа и да донесе Одлука за давање на согласност за основање од страна на Владата на РМ регионална депонија за истиот регион и потребната инфраструктура, како и предлог-одлуката за усвојување на Регионалниот план за управување со отпад во Вардарскиот плански регион. На 10-тата седница ќе се расправа и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>

Page 168 of 314